Ако вежбаш не значи дека си активен!

„Од кога вежбањето стана мандаторна компонента на дефиницијата за фит?“. Можеби подзаборавивме дека треба да бидеме активни и во останатиот дел од денот. Краток и феноменален шамар за освестување на оние кои мислат дека со едночасовното вежбање завршиле работа. Уште подобар за оние кои ни тоа не го прават!

Темава е разработувана во оваа кратка статија, а во неа кристално се потсетува на можеби најважниот дел од нашето секојдневие, она за што човекот е создаден и она што комплетно го заборавивме, движењето! 

Цитираме злато вредни реченици кои треба да ви се промотаат низ глава:

  • „Од кога вежбањето стана мандаторна компонента на дефиницијата за фит? Можеби откако Хенри Форд го стави светот позади волан во 1908 година, или пак откога лифтот ги деградираше скалите до ништо повеќе од излез за итни случаеви во 1870 година.“ 
  • „Без разлика во кој период точно се случило, некаде на патот, движењето без „фитнес“ во умот на човекот стана од времето на пре-индустријализацијата, а режимот на движење со одредена намера стана вежбање. Од тогаш, ние станавме неподвижни, со катастрофални рамификации по нашето здравје. А вашиот тренинг план не го поправа сето ова.“

Она што е интересно со човековиот ум е тоа што кога ќе ја исполниме дневната доза на вежба, ние добиваме сопствена перцепција дека сме активни, но проблемот лежи во останатата целодневна неподвижност. Во оваа наша статија ја разработувавме студијата каде беше докажано дека СЕДЕЊЕТО ИМА ПОТЕНЦИЈАЛ ДА ГИ ЗБРИШЕ ПРИДОБИВКИТЕ НА ВЕЖБАЊЕТО (капс локот не го заборавивме случајно)! 

Вежбањето ви помага да се одржите во форма, но не може да ве одржи комплетно активни. Таа проблематика која виси во останатиот дел од денот останува ние самите да ја решиме. 

Вознемирувајте го вашето седење кога и да е возможно. Бидете активни и движете се на било каков начин, бидејќи за тоа сте створени!

П.С. Овој текст, како и многу од претходните беше напишан на стоечко биро (поточно на шанк) или седејќи на физио – топка која во голема мера е подобра варијанта од стол. Во никој од случаите не беше искористен стол како додатна алатка за формирање на овој или било кој од текстовите во последните неколку месеци.

Веќе подолг период нашиот тим води револуција против седечката позиција. На крајот на краиштата, пробајте само за да видите какво чувство вади фотелјата кога ќе седнете после 3-4 часовно работење на нога.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија