Наслов

Ако немаш време, имаш Табата

Да се живее во духот на модерното општество подразбира успешно менаџирање на времето. Ако вашиот начин на живот не ви дозволува екстра време за физичка активност или посета на фитнес центри, тогаш Табата тренингот е совршен избор за вас.

Многу истражувања укажуваат дека вежбите со сопствена тежина можат да ви донесат максимален ефект со минимално или никакво инвестирање. Фитнес центрите и тренизните со слободна тежина исто така имаат одличен бенефит за човековото тело, но не сите можат да си ги дозволат поради разноразни причини, а честопати и изговори.

Табата тренингот е систем од вежби кои се изведуваат по HIIT (High intensity interval training) методот кој на вашето тело ќе му овозможи да се развива во сите негови делови. Заради интензитетот на вежбањето Табатата позитивно влијае на согорување на вишокот на масти, го забрзува метаболизмот, го потикнува растот на мускулните влакна и го подобрува вашиот аеробен и анаеробен капацитет.

Затоа заборавете на изговорите. Ви презентираме структуиран Табата тренинг за кој сè што е потребно се 30минути и малку слободен простор.

Тренингот ќе биде составен од вкупно седум вежби кои се изведуваат една по друга.

1.Брпи (Burpee)
2.Чучнувања
3. Избегнувања во страна
4. Исчекор наназад (наизменично со двете нозе)
5. Mountain climbers
6. Ножички

7. Спајдермен планк

Секоја вежба се изведува вкупно 4 минути по принципот на 20 секунди вежбање -10 секунди одмор. Бидете претпазливи. Табатата спаѓа во групата на високо интензивни тренинзи. Секогаш направете пауза водејќи се од субјективното чувство на замор.

26 Декември 2016

За авторот