365 дена Тринити

Година дена среќа, радост, гордост, исполнетост, љубов, смеа, пријателство, дружење, година дена постоење на Тринити.

Посакувам сите да можат бар на кратко да го почувствуваат она што ние го почувствувавме со отвoрањето на Тринити. Горди инструктoри на вредни, амбициозни, неуморливи, незапирливи вежбачки кои не тераа секој час да доаѓаме полни со енергија со нови идеи, бидејќи сите се подготвени за нови предизвици.

Горди на фактот што Тринити стана препознатлив бренд за многу кратко време, горда на мојата партнерка со која само што ќе се погледнеме знаеме на што сме, горда на инструкторите што работат со мене, едноставно цела година полна спокој, мир, време за фокус да го рабoтиш тоа што го сакаш.

Среќна што конкуренцијата конечно се разбуди од зимскиот сон, зашто само ни дава повеќе сила да продолжиме да го правиме тоа во кое секогаш сме биле први. Благодарна на моето семејството, коe без грам сомнеж ме поддржа во целата оваа приказна без оглед на моите факултетски дипломи и титули, благодарна на сите вас кои направија да се осетам дека не погрешив во мојата животна одлука.

Ви ветуваме уште многу години исполети со квалитетни, оригинални единствени часови, затоа што e лесно да ископираш, но тешко да бидеш доследен, постојан, уникатен. И никој не може да ме убеди дека некој може да има поголема волја, поголема мотивација, поголема љубов од таа што ја имаме ние, затоа што едноставно Tринити е наше, максимално ќе се вложуваме за вас и никогаш нема да ве оставиме.

Автор

TRINITY

Скопје

Македонија