Превенција од повреда на преден вкрстен лигамент на коленото

3 вежби за цврсто женско колено

Факт е дека жените имаат поголем ризик од повреда на предниот вкрстен лигамент на коленото од машката популација. Некои студии укажуваат и на ризик за 10 пати поголем во однос на мажите. 

Покрај многу фактори кој допринесуваат за ризикот се и аголот помеѓу коленото и колкот, хормоните и слабоста на мускулите на задната ложа. Иако многу од факторите се генетски детерминирани и практично невозможно е да се изменат, сепак тоа не е случај со силовиот профил на задната ложа на надколеницата.

Проблемот со мускулната слабост на оваа регија е всушност несоодветниот баланс на сили помеѓу предната и задната ложа. Ако квадрицепсот (предна ложа) е пресилен во однос на задната ложа, силата која се пренесува на предниот вкрстен лигамент на коленото може да предизвика несакани последици. На тоа се надоврзува и неможноста задната ложа во даден момент да го задржи лизгањето на потколеницата нанапред што е рецепт за повреда од ваков тип.

Овие три вежби ќе ви помогнат да изградите цврсто и стабилно колено, иако статијата е со предзнак жени заради поголемиот ризик на кој се изложени женските спортисти, сепак овие вежби се добредојдени за секого, практични се и лесни за изведба.

Вежба 1

 

  • Легнете на грб и поставете ги рацете покрај телото и свијте ги колената. 
  • Дигнете ја едната нога над вас и во исто време подигнете ја и карлицата.
  • Полека спуштете се во почетна позиција и повторете.
  • Направете 2 пати по 10 повторувања на секоја нога.
Вежба 2

 

  • Легнете на грб и поставете ги рацете на страна или доколку држите тег поставете ги на карлицата.
  • Поставете ги петите на BOSU.
  • Карлицата подигнете ја нагоре.
  • Вратете се во стартна позиција и повторете.
  • Направете 2 пати по 10 повторувања.
Вежба 3

  • Легнете на земја и поставете ги петите на физио топка, рацете да бидат покрај телото.
  • Подигнете го телото и само горниот дел на грбот да ја допира земјата
  • Направете 2 пати по 10 повторувања.

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија