Energy Day по втор пат

Наслов

14 Јуни - ден исполнет со позитивна енергија

По втор пат во Прилеп се одржа Energy Day  на кој беа презентирани неколку групни физички активности како Тае Бо, Зумба, Зумба за деца, Бут камп и дел од боречките вештини. 

Фитнес Клубот Енерџи од Прилеп повторно се претстави во одлично светло на тениското игралиште на градскиот базен во Прилеп на традиционалниот настан Energy Day кој минатата година беше одржан на камената бина во центарот на градот.

Инструкторите Филип, Александра и Бети заедно со тренерот на клубот Максам фајт како гостн на настанот презентираа групни фитнес и боречки активности со кои може секој поединец да се бави во слободното време, а воедно да го добие и посакуваниот физички изглед. Во прилог има галерија на која може да погледнете што се случуваше таму.

15 Јуни 2015

За авторот