Вајање тело на плажа

Ако последната скулптура што сте ја направиле на песокот од плажа било замок, тогаш целосно сте утнале вежбање на оваа локација.

 

Пред некое време ви ги понудивме „Плио за на плажа“ како и „Затегање задниче на плажа“ склопот на вежби кои беа одлична комбинација на гифови со супер идеи за разбивање досада, а воедно одлични фитнес вежби за на песок.

И бидејќи монотонијата е најголем непријател на фитнесот, еве малку свежи движења и потези кои ќе стимулираат одлично кардио подигнување, а воедно и затегнување на круцијалните делови кога во прашање е дефиницијата.

И повторно, бидејќи вежбите се прават на песок, тој додава отпор и ги зголемува резултатите во вајањето на секси раце, нозе и стомак, а гратис се кардио интервалите кои ги топат мастите.

Наравете ја оваа рутина како кружен тренинг, повторувајќи ги сите 6 вежби без одмор, а потоа направете уште 2 до 3 повторувања каде меѓу вежбите ќе правите по 1 минута пауза.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија