Издефинирајте ги стомачните со Физиотопка

Сте пробале безброј вежби, справи, клацкалки и што ли уште не за да го затегнете и издефинирате стомакот. Безброј повторувања и серии на различни вежби се само дел од она што ве проследувало во борбата да го испакнете тоблеронето. 

Секогаш се прашувате колку и кога да ги вежбате стомачните, дали само тоа е доволно, и како да прогресирате во целиот тој процес. Многу е јасно дека за да ги извадите на површина стомачните не  е само доволно да ги ја тренирате оваа група на  мускули. Предусловите се повеќе, од мал процент на масно ткиво, до генетска предиспонираност итн.  Но, она без кое не се може се вежбите, кој треба да се разновидни и да ги активират подеднакво и длабоките и површните мускули на абдоменалната регија.

Ако по дома или во фитнесот каде што вежбате се плетка некоја физиотопка и најчесто служи за шуткање и не знаете што со неа, еве еден програм кој ќе  ја стави физиотопката во погона за вашиот стомачен бенеф

Програмата содржи 10 вежби и доколку не сте почетник ќе ви биде соодветна 

 

Легнете на топката со горниот дел од грбот и испружете ги рацете пред вас и засукувајте го трупот во лево и десно (види слика 1) 

Оваа вежба е слична на нормален стомачен потисок, задржете 3-5 секунди во горната позиција од движењето. (види слика 2)

Позиција на планк со рацете врз физиотопката. (види слика 3)

Приклештете ја топката со нозете и изведете подигнување каде ќе ја задржите горната позиција 3 секунди. (види слика 4)

Оваа вежба ќе активира поголем мускулен комплекс, карлицата поставете ја на топката и обидете се да задржите баланс додека единствена потпирна точка е едната рака, со другата вршите движења. (види слика 5)

Легнете на под и поставете ги нозете под топката така што помеѓу потколеницата и надколеницата  да се оформува агол од 90 степени. Засукувајте го трупот во лево и десно и држете баланс со тоа што благо ќе ги раширите рацете (види слика 6)

Седнете на топката и раширете ги рацете, направете движење со карлицата во страна, ќе имате чуство како лесно да потонувате (види слика 7)

Поставете го телото странично на физиотопката, носете се единствено на точка на контакт со површината со што ќе одржите баланс. Полека подингувајте го горниот дел од трупот, рацете треба да се зад главата. (види слика 8)

Направете комбинирано движење со засук и подигнување на раката , нешто слично како удар во бокс. (види слика 9)

Оваа вежба се изведува со помош на медицинска топка или некаков тег до од 3-5 кг. Задржете 3 секунди во средната фаза кога тежината е на највисоката точка.  (види слика 10)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија