Делчиња од тренингот на Хју Џекман за Вулверин

Како Хју стана Вулверин

Одлично издефинирани гради, торзо и стомачни со минимум поткожно масно ткиво и прецизно хипертрофирани раце и рамена за точно да се вклопат во целата слика го даваат Хју Џекман во едно од најмускулестите и најдобро дефинираните изданија од Х-мен. Тоа и беше поентата, Вулверин да еволуира низ годините, а тука ја има постигнато перфекцијата. 

Хју Џекман сам по себе е одлично градена фигура која секојдневно се одржува во форма, но во подготовките за Вулверин беше потребно неговата улога физички да еволуира од претходните Х-мен филмови. Затоа си постојат професионалци кој знаат како тоа точно се прави.

Во разговор со редакцијата на аskmen.uk, Мајкл Рајан, еден од персоналните тренери на Хју Џенкман во спремањето за неговата улога во Вулверин, појаснува некои детали во врска со неговиот режим на тренирање и исхрана кои така добро го спремија актерот за на филмското платно.

Тренинг

Бидете истрајни и реални. Не влегувајте „јако“ за кратко време.

Тренинг планот за Вулверин е базиран на истрајност и интензитет, промени и варијабилитет кои со текот на времето го даваат резултатот. Работете на план кој има конзистентност, но е реален. Многу луѓе сакаат со почетокот на тренинг програмата да станат Олимпијци, а всушност треба да гледате на долги стази за да ги добиете посакуваните резултати. 

Првата вежба во денот

Стандардна рутина за загревање на телото, советува Рајан, 20 минути кардио со лесен до среден интензитет за да се крене температурата на јадрото. Исклучително важно е телото добро да се загрее пред кревање на големи тежини. По загревањето, тренингот стандардно трае околу еден час. 

Делови од тренинг шемата на Вулверин

Она што го прави Хју во Вулверин поразличен од другите Х-мен филмови е неговата дефиниција со чист мускул и малку телесни масти. Во Вулверин, Хју има добро дефинирани гради, стомачни и рамена кои беа добиени преку традиционални бодибилдерски (олд скул) тренинзи. Тука спаѓаат многу работа „под шипка“, односно бенч преса, чучњеви и мртви подигања за билдање на чиста мускулна маса.

Вториот чекор е вметнувањето на Тренинг базиран на динамични движења кој е составен главно од функционални движења кои се одвиваат во сите три рамнини. Преку овие вежби се постигнува подобра превенција од повреди бидејќи Џекман е во неговите 40ти а од него се бара да биде агилен и спретно да реагира на сцената. 

Не дозволувајте умот да ви го запира телото

Колку што велат дека телото ги лимитира резултатите, многу почесто тоа е умот. Токму тој ве спречува да ги постигнете нивоата кои реално ги можете. Класичен пример се 10те повторувања. Ако мислите дека 10 повторувања се целта, тогаш тоа и ќе биде, а вие често можете и повеќе од тоа, но тоа не го имате во план па престанувате на 10.

Рајан дава еден многу добар начин за одтргнување од проблемот со броење на повторувања. Наместо да ги броите нив, гледајте на часовникот и направете сет од 45 секунди, наместо сет од 10 повторувања. 


Исхрана

Направете мали измени во дневната рутина

Се прашувате што прави Хју Џекман веднаш по будењето наутро? Пие голема чаша вода, можеби со неколку капки лимон. 

Концептот на Low HI диета

Ова е сопсвена диета направена од Рајан која значи Low Human Interference – diet односно диета која има малку вмешување од страна на човекот. Тој објаснува, „било која храна која на некој начин била променета од човекот во процесуирањето е надвор од менито. Значи, енергијата ја црпиме од храна која што не е преработена од човекот како свежо месо, риба, пилешко, зеленчук и овошје.“

И уште нешто, Вулверин јаде јајца, и тоа со жолчки. Кога за појадок има омлет од повеќе јајца во него вклучува и две жолчки, следејќи ги трендовите во нутрицијата во врска со оваа тема. 

Суплементи покрај диетата 

100% природен протеински препарат измешан со банана и нискомаслено млеко. Но, „протеинските суплементи не се тајната за добра дефиниција“- вели Рајан. Правилната храна е.

Линк до целото интервју

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија