Како тенисот ги изделка врвните тенисери

Современиот начин на игра, еволуцијата на нови тактики и стратегии и новите наметнати принципи ги вајаат телата на различните спортисти во различни насоки. Кога во прашање е современиот тенис, што „потенка“ конституција значи и поголема можност за повисоко место на АТП листата.

Постојат исклучоци во однос на корпулентноста на тенисерите, но врвната десетка на АТП листата полека, но сигурно ја фаворизира „тенката“ конституција во однос на масата и снагата. Сето ова е во голема мера наметнато од начинот на игра. 

Иако белиот спорт (во професионална категорија) никогаш не бил игра на крупни натпреварувачи, начинот на игра кој се наметнува во одреден временски период отсекогаш имал големо влијание врз физичката конституција на телото. Класичен пример за ова се доцните 80-тите и 90-тите кога играта во голем дел се сведуваше на „игра на линија“. Тогаш играта беше многу спора, а најголем дел од играчите имаа поголема телесна маса за возврат на поголема снага во нивните удари.  

Денешницата е целосно различна и новите тактики се стремат кон далеку поголема мобилност и брзина на теренот во комбинација со онолку снага колку што ти е потребна. Затоа, самата игра ги има модификувано денешните играчи на сосема поинаква физичка конституција. Земете ги в предвид поголемиот дел од врвната тенисерска десетка. Џоковиќ, Федерер, Мареј и останатите имаат изградено „тенки“ физички конституции кои им овозможуваат голема брзина, експлозивност во движењата и мобилност на теренот. 

Сето ова е поттикнато од начинот на игра. Денеска ако не можеш да трчаш на теренот, тогаш во најголем процент не можеш да победиш на натпреварот. Затоа физичката припрема на врвните тенисери се движи во таа насока. – вели професионалниот тенисер Мајкл Расел. 

Сè поголем дел од врвните тенисери со своите персонални тренери работат на шеми за скратување на нивата маса и подобрување на кондицијата . Најдобрите тенисери на денешницата се изградени од чиста мускулна маса и се неверојатно мобилни, па ако сакаш да се натпреваруваш со нив, мораш да им го следиш трендот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија