Вежбање преку танц со Fit Camp
И оваа среда, дечките и девојките од Fit Camp одржаа одлична доза на забавен начин на вежбање и размрдување на градската плажа во Скопје. Супер атмосфера, луѓе од сите возрасти, а имаше и публика. Погледнете за што ви зборуваме во краткиот прилог.
Wellness тренерите на Фит Камп секоја среда организираат собир на кој што танцувањето на разни латино и мејнстрим хитови е претворено во супер вежба која ги претвора базичните чекори во одличен аеробик.
Доколку сте расположени за нешто вакво, слободно придружете им се, наредните среди се на повидок.