Наслов

Совршениот тренинг наречен Фартлек

Ако постои тренинг метод кој е општоприфатен и практикуван на светско ниво тоа со сигурност е фартлекот. Тој е едноставен, забавен и супер ефикасен. Придобивките од неговата редовна примена се несомнени и ги надминуваат границите на физичката спремност.

Веројатно веќе сте чуле дека овој тренинг метод и зборот Фартлек потекнува од Шведска и во превод значи - игра со брзината. Поентата на тренингот е во краток временски период да се направат повеќе промени на темпото на трчање, а со самото тоа на долгорочен план да се зголеми брзината, економичноста и издржливоста на тркачот.

Фартлекот се тренира во речиси сите спортови во кои физичкиот аспект е примарен и во кои доаѓа до чести промени во темпото. Дека истиот на долг рок ќе ве направи физички поспремни и поагелни е апсолутно несомнено, но она што е исто така несомнено е и тоа дека фартлекот ќе ве направи ментално и карактерно поцврсти и постабилни. Еве само некои од предностите на фартлек методот и зошто треба сите да го користат.

-незаменлив тренинг за цврстина и издржливост
- ја подобрува брзината, издржливоста, тактичноста за време на трки
-позитивно влијае на фокусираноста
-ја зголемува способноста за донесување одлуки во критично моменти за време на трка или наптревар
-го подигнува менталниот капацитет за време на трки
-прави полесно да се изборите и надминете физичкиот замор
-флекибилен е и разновиден
-може да се изведува индивидуално, во пар или во група

Доколку тренирате за издржливост, скратете го времето за одмор, доколку пак тренирате за брзина, направете повеќе кратки интервали со побрзо темпо на трчање
Фартлек тренингот не би требало да трае повеќе од 40-50 мин и секогаш треба да му претходи загревање од минимум 10 минути и период на ладење од исто така минимум 10 минути.

19 Јуни 2018

За авторот