Скопски Маратон на Страва

Ако користите Страва и оваа година го снимивте вашето „темпо” на Скопскиот Маратон, тогаш пронајдете се во гужвата, пуштете плеј и споредете како сте се движеле. А ако не сте учествувале и не сте го снимиле, шо има везе, кликнете фаќајте сеир. 

Страва е мобилна апликација која спаѓа во групата на следачи на вашата физичка активност, а во нивните проекти од лабараторијата е и таканаречениот „флајбај” што подразбира мапирање на сите оние фаци кои поминале една иста патека и визуелизирање на нивното движење со кое можете да се споредите. 

Погоре на линкот (клик на сликата) ќе најдете мапа од Скопје заедно со сите оние личности кои го снимале нивното трчање на Скопскиот Маратон, а горе лево има едно копче плеј преку кое вие ќе дадете каписла за старт. Единствено што треба да направите е да се најдете и да се штиклирате, заедно со оние со кои сакате да се споредите. 

Ние ги кликнавме сите, и фаќавме сеир. 

Друго интересно и локално од Страва – КАДЕ СПОРТУВА СКОПЈЕ

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија