Планинско трчање по стапките на Крали Марко

Од центарот на Прилеп, преку манастирот Трескавец сè до Варош на Слонче вчера на 11.10.2013 се одржа овогодинашната Крали Марко Треил трка во планинско трчање. За жал, оваа година немаше доволно пријавени тркачи за трката да оди на „Ултра“ ниво, но сепак организаторите се погрижија да се одржи најкратката и доволно слатка трка која имаше хуманитарен карактер. 

Пријавувањето и учеството на КМТ 2013 беше бесплатно, а хуманитарниот прилог кој се собираше пред стартот е за успешна рехабилитација нашиот маратонец Зоран Димов, победник на минатогодишниот Крали Марко Ултра Треил кој оваа година беше потешко повреден во сообраќајна несреќа. 

По натпреварувањето, дел од организаторите поминаа во домот на Зоран Димов во Велес каде имаа големи поздрави и благодарности до натпреварувачите и сите оние кои овозможија оваа трка да се одржи.

Галерија тука

Резултати


1. Александар Стојановски 1:20:35
2. Атанас Анчевски 1:21:14
3. Mihajel Van Baelen 1:21:40
4. Марјан Бонев 1:22:05
5. Добре Кузмановски 1:22:06
6. Илија Пајмакоски 1:30:02 (1 јуниори)
7. Никола Кутаноски 1:30:05
8. Игор Цветановски 1:30:33
9. Жикица Ивановски 1:30:46
10. Стефан Стојановски 1:30:47 (2 јуниори)
11. Филип Туманоски 1:39?24
12. Дарко Неданоски 1:42:45
13. Аце Јакимовски 1:43:09 ( 1 ветерани)
14. Влатко Величковски 1:44:52
15. Горан Јанакиев 1:44:53
16. Никола Димитриески 1:48:15 (3 јуниори)
17. Александар Талески 1:48:33
18. Марко Иваноски 1:48:51
19. Ѓоре Ѓоргиевски 1:49:39
20. Јовица Јованчев 1:50:20
21. Ангел Георгиевски 1:50:53
22. Светлана Стојаноска 1:50:54 (1 жени)
23. Димитар Кимовски 1:51:59 (4 јуниори)
24. Горан Секуловски 1:52:00
25. Томислав Спасевски 1:52:45 (2 ветерани)
26. Илија Стеваноски 1:54:06
27. Виктор Толески 1:56:42
28. Даниел Кимовски 1:56:45
29. Данчо Марковски 1:57:20
30. Цветко Митревски 2:00:20 (5 јуниори)
31. Борче Милосковски 2.00:21 (3 ветерани)
32. Марјан Чаушевски 2:00:23
33. Марин Стојановски 2:02:44 (4 ветерани)
34. Димитар Поповски 2:02:55
35. Емилија Ѓоричкова 2:08:17 (2 жени)
36. Гордан Трајковски 2:08:18
37. Марија Богдановска 2:10:38 (3 жени)
38. Мери Чкрипеска 2:13:38 (4 жени)
39. Јована Пенева 2:26:26 (1 јуниорки)
40. Николче Арсов 2:26:43
41. Александар Димитриевски 2:26:46
42. Бојан Петковски 2:26:50
43. Елена Петковска 2:33:48 (5 жени)
44. Софија Костова Панковска 2:33:48 (1 ветеранки)
45. Стевче Луков 2:52:55
46. Татјана Герасимова 3:03:05 (2 ветеранки)
47. Александар Смилков 3:03:15
48. Искра Јовановска 3:03:16 (6 жени)
49. Елена Величковска 3:03:20 (7 жени)
50. Кире Невчевски 3:03:23
51. Маја Невчевска 3:03:23 (8 жени)
52. Анета Јорданова 3:03:25 (9 жени)

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија