Наслов

Нордиско „скијање“ на скопски асфалт

Затоа што формата и кондицијата на еден крос-кантри скијач мора да се одржува во текот на целата година, се најдовме со Велко Лозаноски, наш крос-кантри скијач од Крушево кој ни го долови тренингот со летниот еквивалент на оваа нордиска дисциплина.

Ролер скијањето еден вид алтернатива за корс-кантри скијачите во период од мај до септември преку која што се одржува или подига формата како и кондицијата. Техниката која се користи при ролер скијањето е многу слична со крос-кантри скијањето на снег, па затоа ова е широко употребувана алатка за секој професионален крос-кантри скијач.

Почетоците на ролер скијањето датираат уште од 1930 година кога за прв пат биле направени и употребени во северниот дел на Италија, а денеска, освена како тренинг алтернатива, тие имаат прераснато и во натпреварувачки спорт на свој начин. 

Конкретно тука, Велко ни го претстави неговиот тренинг составен од ролер скијање на една планинска локација, О.У. „Кочо Рацин“ - Скопје - Средно Водно (+/- 50 минути качување успон) и кеј на Вардар (25 минути рамно опуштање после тренингот на Водно).

13 Јуни 2014

За авторот