Можеш ли да трчаш барабар со Рајан?

Рајан очигледно не е Кениец, ама е Американецот со најбрзо маратонско време, а за вас пред утрешниот Скопски Маратон го имаме прашањето од насловот, дали можете да го издржите просечното темпо на неговото најбрзо време?

Рајан Хал е професионален маратонец кој го држи рекордот во најбрз истрчан маратон од еден Американец на Бостон маратон 2011 година, 2:04:58,. На ова видео кое е направено некаде пред минатогодишниот Њујорк маратон, Асикс, кои се негови спонзори поставија трака за трчање која врти со просечната брзина на неговото темпо од рекордерската година која беше отворена за луѓето кои сакаа да се пробаат… 

Да, машината врти со околу 20 км/ч, или во просек 4 минути и 46 секунди за една милја која е некаде 1,600 метри (просечното време во километри навистина не мрзеше да го пресметаме, ама ептен е брзо). Околу 500 луѓе го прифатија предизвикот, повеќето, многу нормално дека не се снајдоа.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија