Машина за веслање – тренинг без маана

Најчестиот тип на кардио тренинг кој се практикува во фитнес центрите е или трчање на лента или вртење на статичен велосипед. Се разбира дека нема ништо лошо во сето тоа, напротив. Сепак ваквиот тренинг покрај тоа што слободно можете да го работите на отворено или во природа, честопати може да ви биде здодевен или премногу монотон. Имаме решение. Кога последен пат сте ја употребиле машината за веслање?

Тренингот на машината за веслање е вежба за целото тело. Со оваа вежба активирате 84% од мускулите на вашето тело и сето тоа со многу мал импакт врз сврзните ткива што ја прави одлична за превенција од повреди но и за тренинг за време на повреди. Заради можноста да се менува степенот на отпор, оваа машина е идеална за оние кои допрва почнуваат но и за сите постари фитнес ентузијасти.

Предностите од редовното користење на машината за веслање се многубројни. Покрај тоа што е одлична кардио вежба, истата е одлична ако вашата крајна цел е топење на вишокот на килограми. Триесет минутно вежбање во умерено темпо кај луѓе кои тежат 70килограми ќе согори околу 400 калории. Зачестеното повторување на ваквиот тип на тренинг ќе го забрза вашиот метаболизам што пак е од круцијално значење во долготрајниот ефект на губење масни наслаги.

Како што веќе рековме, ова е тренинг за речиси целото тело. Со машината за веслање не само што ќе ја зголемите мускулната и кардио издржливостa, туку ќе влијаете на нивниот тонус и форма. Веслањето првенствено ќе ги активира скоро сите мускули на нозете, особено квадрицепсите, задната ложа, глутесити и мускулите околу колковите.

Следни во ланецот на активни мускули се мускулите на трупот, односно комплетната група на јадрени мускули, вклучувајќи ги мускулите на горниот дел на грбот. Се рабира веслањето и тоа како ги активира и вашите раце и рамена . За време на овој тренинг активни ќе бидат: бицепсите, трицепсите и мукулите на подлактицата.

За крај, сите горенаведени бенефити од редовното веслање се достижни единствено со правилна техника на изведување на оваа вежба. Во продолжение погледнете го видеото кое подетално ќе ви ги доближи техничките аспекти на веслањето

Видео

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија