Лудило тренинг на лице место со Insanity xmkd

Дел од тимот на на К4Т.МК отиде да се испроба на INSANITY тренинг во Козле и попатно да си поразговара со тренерот и организаторот на програмата Александар Кацарски. Јако, до максимум!

K4T – Како дојде до идејата да бидеш пионер за INSANITY програмата во Македонија?
Александар К. – Во мојата професионална спортска кариера – како WORLD CUP Snowboard rider, имав можност да бидам тренирам со многу светски признаени фитнес тренери, почнуваќи од рускиот систем на кондиционо спремање, па се до врвните фитнес тренери во Соединетите држави. За време на едни такви припреми во камп во Колорадо, имав чест да присуствувам на INSANITY фитнес програмот во Америка. И откога ќе го пробаш интервал тренингот, останатото е историја.
K4T – Како отприлика е конципиран INSANITY тренингот?
Александар К. – INSANITY фитнес програмот е максимален интервален тренинг, во кој имаме три до четри различини вежби на максимален напор по кој следи краток одмор од 30 секунди.
K4T – Кои се придобивките од ваквиот високоинтензивен тренинг?
Александар К. – Придобивки од INSANITY има повеќе и тоа пред сè: здраво срце, забрзан метаболизам, побрзо согорување на мастите, детоксификација на телото и умот, и секако најдобра вакцина против грип.
K4T – Дали програмата е соодветна за луѓе со различна физичка спремност или само за оние поподготвените?
Александар К. – Секогаш е подобро човек да е барем малку физички активен пред да почне да се бави со INSANITY, но секако дека може и тие неактивните да се приклучат. Разликата ќе биде во интензитетот на вежбањето, некој ќе прави повеќе некој помалку повторувања и сè така до излудување.
K4T – На што треба да се внимава за да не дојде до повреди?
Александар К. – За да биде човек фит и да го вежба овој вид на фитнес, ќе мора да припази на исхраната, бидејќи без правилна исхрана телото нема да може да се навикне на високо интензивниот тренинг и да има брз опоравок по тренингот. Во тој случај може да дојде до несакани повреди, често поради недостаток на витамини, минерали и протеини. Затоа, секој што планира да го практикува INSANITY тренингот битно е да се консултира за правилниот начин на исхрана.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија