Како виничанки се одржуваат во форма

Фативме малку источно на нашата мала географска карта за да видите во колку добра форма се одржува Виница, особено виничанките кои посетуваат еден многу активен аеробик и пилатес клуб.

 Поканата стигна од Аеробик и пилатес – Виница предводена од одличниот Благој Ристовски, а наше беше да го потврдиме нашето присуство. Секогаш е убаво кога ќе се види толку активна група на девојки кои знаат што е добро за нивното тело.

Инаку во студиото, новитетот кој се работи во полна пареа е последното продолжение од програмата P90X3 ИЛИ LEVEL 3 (30 МИНУТИ), а часовите се одржуваат во склоп на гимназијата „Ванчо Прќе“.

Целта на оваа програма е да се избегне „плато ефектот“ што претставува промени на телото само во првите неколку недели поради едноликоста на вежбите. Тука се постигнува континуирано менување и развивање во тој период од 90 дена. Вклучени се многу вежби кои ќе ви помогнат да ги стопите масните наслаги, да развиете силни и атлетски мускули и да ја подобрите кондицијата.

Па ако сте од тој регион, еве ви начин како можете да се одржувате фит.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија