Изгледа 30 минути се малку, пробајте дупло повеќе

Ако сте од оние кои имаат потешкотии да се размрдаат со некоја вежба барем половина час во денот тогаш имаме лоши вести за вас. 

Нова анализа околу препорачаните дневни дози на вежбање кои досега цело време циркулирале околу оние скромни 30 минути активност со среден интензитет на ден каде се вклучува пешачење, трчање, возење велосипед или било каков спорт и рекреација, покажа дека здравјето си бара многу повеќе. 

Во резултатите од неколкуте студии се покажа дека всушност, кога се работи за редовно спортување, најголеми здрвствени полезности има нашиот организам кога се вежба и воопшто се држиме активни што подолго т.е. два па дури и четири пати подолго од ова.

Студиите покажуваат дека оние кои во некоја груба рамка од 15 години редовно вежбале не повеќе од 30 минути имале „скромни” намалувања во шансите за срцев удар за разлика од оние поактивните кои имале за дури 25 до 30 проценти помалку шанси од овие.

Научниците се повеќе се уверуваат дека здравствените ефекти од вежбањето се „зависни” од дозата со која спортуваме, рекреираме или само сме на било каков активни (и не седиме или лежиме), а ова во голема мера ги „разнишува” претходните долго време повторувани 30 минути за кои се велеше дека се доста. 

Кардиоваскуларните болести претставуваат се поголем товар врз здравството ширум светот и „епидемијата” на срцеви заболувања како да не престанува да расте. Докторите посочуваат дека препораките за спортување и активност кои се упатуваат према популацијата се премногу благи и бројките треба да се зголемат и зачестат. 

Едноставно, 30 минути активност со просечен интензитет, два пати неделно се премалку за регулирање на високиот крвен притисок кај хипертензичарите, а најверојатно истите се премалку и за било каква превенција на ваквите состојби. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија