Наслов

Издржливост на лента за трчање

Трчањето е спорт кој во голема мера се разликува од другите спортови на издржливост како пливање или велосипедизам. Ова е така првенствено заради тоа што во овој спорт постојано ја носите и чувствувате вашата сопствена тежина и второ затоа што формата и економичноста на движењето се нешто од кое во голема мера зависи успехот и крајниот резултат. За да го постигнете сето ова потребна е посветеност и уште поважно константност.



Ако сте тркач на долги патеки, мора да тренирате често за да ја изградите неопходната издржливост. Тоа подразбира дека во деновите кога временските услови не се идеални, вие сепак мора да тренирате. Доколку временските услови не ви се проблем, трчањето по врнежливо или ветровите време понекогаш знае да биде вистинско освежување. За сите останати, лентата за трчање е одлична замена.



Иако лентата за трчање не е комплетна замена за трчањето во природни услови, сепак истата може да биде од голема помош во одржувањето на формата или во изградбата на повисоко ниво на издржливост. Еве неколку совети за тоа како треба да изгледаат вашите тренинзи и што се би требало да вклучува вашиот тренинг на лента за трчање.




1. Загревајте се во период од 5 до 10 минути користејќи умерена брзина на лентата. Суштината е полека да го внесето вашето тело во ритам но не и да останете без здив.

2. Во текот на неделната програма, вметнете спринт интервали во еден од тренинзите. Иако веројатно нема да имате потреба од спринт за време на трката(освен можеби на крајот), спринтот ќе ви помогне да ја зголемите вашата кардио издржливост. Пример, започнете со 90 секунди трчање во умерено темпо по што ќе следат 30 секунди спринт. Повторувајте ја оваа шема во времетраење од 20тина минути. Како што ќе напредувате постепено зголемувајте ја брзината и на спринтот и на умереното темпо.



3. Еднаш неделно истрчајте тренинг за издржливост. Ако сте компетитивен тркач, два пати во сезоната на подготовки истрчајте ја дистанцата за која се подготвувате во темпо кое е блиску до посакуваното. Доколку пак само сакате да работите на вашето фитнес ниво, почнете од 8км и постепено зголемувајте ја киломтеражата.

4. Работете на вашата мускулна издржливост со вметнување на вежби за сила во текот на тркачкиот тренинг. Пример, започнете со тренингот вообичаено но додека истиот трае слезете од лентата и направете 3 серии со по 10 чучњеви и три серии со по 5 исчекори на секоја нога. Потоа вратете се на лентата и завршете го тренингот.



5. Бројте ја вкупната километража која ја трчајте неделно и трудете се да ја зголемувате за околу 10% во неделата што следува. Без разлика што лентата за трчање е мека подлога, секогаш држете се до ова златно правило на трчањето.

6. Секој тренинг мора да заврши со период на ладење. Ова е сегмент во тренингот кој никако не смее да биде исклучен. Ладењето треба да трае неколку минути во кои постепено ќе ја намалувате брзината со која трчате се додека не завршите со одење.

12 Октомври 2016

За авторот