Правилна респирација за време на трчање

Диши како про

Се спремате рекреативно или поозбилно за некој маратон па покрај вниманието што го оддавате на исхраната, хидратацијата, опремата итн. не заборавајте го најважниот сегмент од секое трчање – дишењето!

Сите сме го почувствувале тој момент во некој дел од нашата тркачка историја, било како деца, рекреативни или поозбилни тркачи кога здивот се губи од контрола и целото темпо се руши поради задишаноста. Ова претставува природна компонента на спортот бидејќи телото се бори за воздух, но истата може да се скроти и пренасочи со правилни техники на дишење во текот на трчањето, но и во преостанатите животни активности. 

Клучот за трчање на подолги дистанци е да му се овозможи на телото доволен доток на кислород на мускулите кои имаат побарувачка. Тука во равенката влегува правилната техника на дишење која ќе му овозможи на човекот комплетно полнење и празнење на белодробниот капацитет, а тоа ќе го зголеми вкупниот волумен на вдишан кислород. 

За овој процес да се случува на оптимален начин, потребно е човекот да дише споро и длабоко во текот на активноста, наместо кратко и плитко. Всушност, правилното дишење секогаш треба да “извира” од дијафрагмата, односно, тоа да биде стомачно, бидејќи овој тип на дишење е најефикасен во споредба со другите типови.


 За промена, СЛУШАЈТЕ ГО ВАШЕТО ДИШЕЊЕ


Абдоминалниот тип на дишење, иако недоволно практикуван од широката популација (луѓето често мислат дека ширењето на градите е знак за целосно наполнето белодробие) е всушност најприродниот начин на земање на воздух, а неговото инкорпорирање во секојдневието може да се постигне со свесно менување на навиките на дишење.

Доколку не сте сигурни дали дишете на овој начин, легнете на подот и рацете ставете ги над папокот. При вдишувањето, единствен дел што треба да се подигнува и спушта се рацете односно стомакот, не и градниот кош. 

Кога ќе го вметнете ваквиот тип на дишење во ваштето секојдневие, во канцеларија, при стоење итн. веќе можете да го почнете да го практикувате и во трчањето каде свесно ќе се обидете да ја одржувате што е можно помирна и длабока секоја респираторна сесија.

Доколку се прашувате дали е подобро да дишете на нос или на уста при вашите спортски активност, дилемите ќе ви се разјаснат тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија