Наслов

Цупкајте до подобри Вие

Можеби малку застарена, но далеку од непотребен вид на вежба. Скокањето на јаже се докажа дека е една од најдобрите вежби за човековото тело активирајќи ги скоро сите мускули.

Скромното јаже за скокање се смета за еден од најефективните фитнес алатки која волшебно делува на скоро сите делови од телото. Одлична полза имаат срцето, коските, координацијата, балансот па дури и мозокот, а скорешна студија докажа дека делува и на намалување на хормоните за апетит. 

Во студијата беше пронајдено дека хормоните за апетит, како грелин биле пониски во групата која скокала на јаже три серии од по 10 минути за разлика од групата која вртела велосипед за истото време. 

 Еве како оваа вежба делува на оделните делови од телото:
 

Коски - Скокањето прави повторувачки стрес врз коските со што ги става во функција и дава стимул за растење на нова коскена маса, а во исто време ја намалува можноста за загуба на истата.

Срце - Одличен кардио рецепт кој ја зголемува потрошувачката на кислород и делува позитивно врз срцевиот мускул

Координација и баланс - Контрола на движење - контрола на јаже - тајминг на скокање = подобар баланс. 

Тежина - Скокањето троши повеќе енергија од одењето, јогирањето или пак возењето велосипед бидејќи целото тело е во движење. Можеби е потешно, но троши повеќе калории, па сега вие удрете калкулатор.

29 Јули 2013

За авторот