Охридски аква аеробик на зајдисонце

Вратите на базенот Билјанини Извори ова лето се отворени за Аеробик, забава и дружење, а сето тоа во вода. Да биде тоа така се погрижи Љупче Ѓуки Ѓуроски, инструкторот синоним за Аеробик & Пилатес во Охрид.

Целта на овој Аеробик во вода е надополнување на секојдневните тренинзи Аеробик & Пилатес со уште еден вид на тренинг кој покрај аеробниот карактер пред сè, го истакнува забавниот карактер на вежбањето.

Аеробикот во вода има прекрасни придобивки. Пловноста во вода ја намалува дури за 90% телесната тезина на личноста која вежба. Самото тоа го намалува стресот кој се јавува на зглобовите и мускулите предизвикани од вежбањето на суво, а со тоа значително се намалува веројатноста од повреди.

Покрај аеробниот дел, аеробикот во вода ја зголемува силата на мускулите затоа што наместо тежини и тегови кои се користат на суво, водата обезбедува природен отпор на вашите движења. Да се биде под вода значи да се има широк спектар на движења.

Идеално за луѓе со артритични зглобови, за опоравок од повреди, трудници, за луѓе со голем вишок на килограми и за сите кои сакаат да вежбаат со голема насмевка на лице.

До следно видување со Љупче Ѓуки, бидете COOL IN THE POOL!