Конектинг Битола 4.0

Аеробик со чупињата од Широк Сокак

Многу логично е дека за да така гордо чекори твојата штикла по битолското корзо, мора некаде да се капне пот и да се одржуваш во форма. Нè повикаа, ние прифативме и ви откриваме каде и како се одржува фит понежната половина од „сокакот“.

Тука најинтересно беше тоа што дојдовме ненајавени, т.е. инструкторката Христина не нè беше најавила на нејзините девојки, па така, не дозволивме срамот да ни ги осиромаши кадрите и се појавија сите, сите кои одбрале ваква феноменална работа за нивното здравје и изглед.

Домаќинка ни беше одличната Христина Ристевска, м-р по кинезиологија на ФФК и аеробик инструктор цели 11 години која работи во аеробик клубот „Енерџи”. Со цел да се задржи позитивната енергија, програмата која се нуди на репертоарот на клубот е комбинирана од нови трендови, па така освен HI-LO aeobic застапени се и TAE-BO, TOTAL TONE, STEP AEROBIC, FIT ball и FUNCTIONAL WORKOUT, како и пилатес и стречинг вежби на секој час.

Програмата се реализира со реквизити како степери, мали пилатес топки, еластични траки, мали тегови, јаженца со секогаш нова и хит музика. Христина своето знаење редовно го надоградува со учество на бројни аеробик и фитнес конвенции и семинари и беше презентер на „Првата аеробик конвенција во Македонија” како и на NOW WE MOVE – oтворен аеробик ден во Битола, организирани од страна на Федерација за рекреативен спорт на Македонија.

Сè уште трае поврзвањето со Битола, бидете на линија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија