Кардио на воздух со Горска и Микс Аеробик

Овој вторник, по четврти пат се одржа едночасовниот аеробик тренинг предводен од Микс Аеробик Екстрим тимот, а одлично стимулиран од Горска. И ние бевме таму. И беше топ!

Едно чудо згодни девојки, па и по некој момци беа собрани на четвртово издание, ама па кој не би дошол кога целиот тренинг е воден од одличните Елена Бубало и Кирилова Марта, дел од Микс Аеробик тимот на проф. Лазар Иванов.

Горска беше задолжена за гасење на жедта и давање на енергија, а ваше е да погледнете како сето тоа изгледаше од наш агол.

Тренинзите на Микс Аеробик продолжуваат со исто темпо низ целото лето, во исти тајминг само што ќе бидат одржувани на Школка, а програмата со Горска, „Горска во движење” (Gorska on the move) ќе продолжи од септември. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија