таг / зимско искачување

Зимско брзинско искачување на планината Олимп, врв Митикас 2918 мнв, највисоката точка во Грција. Искачувањето е реализирано на ден 23.12.2018 од страна на Александар Кирковски, со старт од Горциа 1100м до врвот и назад за севкупно време од 7 часа 10 минути. Логистичка поддршка беа Саша Грбиќ, Петар Ивановски и Дејан Тодевски.

Како дел од припремите за брзинскиот обид на Аконкагва кој се планира да се направи во февруари следната година, нашиот планинар и тркач Александар Кирковски успеа да направи одлична подготовка на највисокиот врв на Олимп - Митикас 2917 мнв.

Откако минатата година третата полска експедиција не успеа да го искачи последното неискачено парче од највисоките врвови во зима - К2, оваа сезона се подготвува одличен мешан тим составен од планинари од Русија, Казакстан и Киргистан. 

Баскискиот планинар Алекс Чикон и оваа година цели кон една од најтешките задачи во Хималаите - искачување на Еверест во зимски услови без користење на суплементарен кислород. 

Претпоследната неискачена 8-илјадарка во зима, Нанга Парбат, денеска „го прими” првиот тим после 3 декади неуспешни обиди. Последниот врв повисок од 8 илјади метри кој останува неискачен во зимски услови е К-2.

Како што секогаш ги правиме нашите тури така почна и оваа со смислување на целиот настан, посветување време на секој можен детал и трошење на целото време во неделата за да имаме убав викенд. Сето тоа го преточуваме на ФБ, преку евент каде има нешто многу напишано, а никој не знае што има, зашто никој не го чита детално.

Иако изминатите години главната цел во зимскиот период за баскискиот качувач Алекс Чикон беше Еверест без дополнителен кислород, оваа година тој ги врти погледите кон последната неискачена 8000-ка во зима - К2. 

Откако пред една недела тимот на Алекс Чикон конечно крена раце од зимското искачување без О2 на Еверест, полската експедиција од базниот камп на К2 исто така се огласи дека става крај на експедицијата на засега единствениот и се уште неискачен 8000-метарски врв во зимски услови. 

На неколку дена пред новата 2018 година (29.12.2017), тринаесетчлена експедиција составена од едни од најдобрите полски високогорци и алпинисти ја започна експедицијата која за цел има да го искачи последниот хималајски врв повисок од 8000 метри - К2. 

На 13.01.2016 година двајца членови на ПК Македон, Александар Кирковски и Дејан Тодевски, ги искористија поволните услови и малата количина на снег за да реализираат несекојдневен потфат за овој период од годината - еднодневна акција со искачување на врвовите Митикас (2918 м) и Стефани (2909 м) на планината Олимп.

Планината Олимп е прекрасна во секое годишно време, но ако ме прашате мене најубава е во зима. Можеби затоа што сум приврзаник кон престојот на планина во зимски услови. Токму затоа и ја предложив оваа клупска акција во месец јануари.

FB Препораки