таг / заштита

Веројатно сите сакаме да тренираме на отворено и во природа. Летото е идеална прилика за тоа но исто така е и дел од годината кога УВ зрачењето е најголемо и кога температурите се исклучително високи.

Неконтролираното градење, узурпацијата на крајбрежјето, загадувањето со отпадни води и друг отпад, неодржливите туристички практики. Ова се некои од проблемите кои го загрозуваат Охридско Езеро - едно од најстарите и најразновидните езера во светот. Експертите предупредуваат дека ако се продолжи да се управува со езерото како досега, тоа што ние го имаме сега, со сигурност ќе го немаат нашите деца. Еко активистите, пак, посочуваат дека исклучиво Владата е одговорна и должна да го заштити Охридскиот регион, кој е прогласен од УНЕСКО за природно и културно светско наследство.

Да го зачуваме синото срце на Европа - треилер. Премиерно прикажување на филмот во Скопје на 05.05.2018! Очекувајте повеќе информации

Скоро сите сме биле во ситуација да се мачкаме со какви не СПФ заштити додека сме на планина и на скијање, но на крајот сепак да завршиме со изгорено лице и смешни „очила” за сонце. 

Доаѓа есен, а вие не се одвојувате од вашите омилени патики... ви се шета надвор ама врне дожд, кал и вирови на сите страни...но со кабанициве патиките ќе ви останат ем суви, ем шизички, додека релаксирано играте на дожот... Ете ни маст хев нов изум!

Видео изработено од видеографот Франциско Маркез за потребите на Здружението за заштита на Преспа во проектот "Enhancing the ecotourism identity of Prespa" - „Развивање на еко-туристичкиот идентитет на Преспа”. 

Иако насекаде беше пласирано како „неверојатно видео од мајката природа” каде малото мече не се предава и се бори за својот живот, качувајќи се по заснежена стрмна падина откако неколкупати паѓа на работ од провалија, ред дојде мислење да дадат и стручни лица на темата - биолози. 

Трчањето е спорт на отворено за кој ретко кога има совршени услови за тренинг. Честопати тренингот е пропратен со силен ветер, високи температури, дожд, магла, влага а понекогаш и со екстремно ниски температури. Да се биде тркач значи да се биде посветен на спортот дури и кога температурата е длабоко во негатива.

Со проектираните нови ски патеки во должина од 330 километри и околу 110 км. нови скилифтови во склоп на скијачкиот центарот Банско, разноликото природно богатство на Пирин се наоѓа пред сериозна закана.

Изгорениците од сонце се црвени, болни делови од кожата кои се топли на допир и вообичаено се појавуваат неколку часа после изложеност на сонце, а траат неколку денови.

Една дефиниција вели: убавината е величина која добива вредност со текот на времето. Охридско езеро според оваa дефиниција е едно од најубавите природни места во светот, со историја од 4 милиони години. Дали ќе остане така ?

FB Препораки