таг / забрана

Бидејќи проекциите велат дека ако човекот продолжи со ова темпо на производство на пластика до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риба, како еден од важните чекори кон заштита на животната средина европскиот парламент ја изгласа забраната за производство на пластика за еднократна употреба. 

Во последните скоро три декади (од 1992 па наваму), Кина беше убедливо најголем увозник и преработувач на пластични маси во светски рамки со дури 45% од увозот на пластика за рециклирање. Но, од 31 декември 2017 година Кина воведе промена во овие политики и државата решава целосно да го забрани увозот на оваа суровина. Прашањето е што ќе се случи со проценетите 111 милиони тони пластика кои до 2030 година ќе се насоберат во светски рамки ? 

Градоначалникот на француското гратче Шамони кое е светски позната локација за голем број на екстремни спортови во природа стави шестмесечна делумна забрана за летање со летечки костум (винсут) откако во краток временски период се случија неколку фатални несреќи. 

Пред некој месец градоначалникот на Њујорк, Блумберг имаше предложено регулативи кои требаше да ја забраната продажбата на одредени (количински големи) газирани сокови во фаст фуд рестораните. Регулативите паднаа што паднаа на суд, а еве едно објаснување дека и да се донесеше законот, ништо немаше да се промени.

Банот кој требаше да ги илегализира огромните газирани сокови и засладени пијалоци падна на суд.

Со намера да ја зголемат безбедноста на планините и да го намалат бројот на несреќни случки, владата на Непал ја усвои забраната за соло искачување на нивните планини, како и забрана за искачување на слепи лица и лица со некои физички пречки што наиде на негативни критики. 

Додека цела Америка се бори со дебелината и високите стапки на срцеви заболувања и дијабет, во Денвер, еден од „најздравите“ градови во Америка градските власти забранија групно собирање и вежбање на јавни места.

Некаде врвни специјалитети, а некаде пак илегална содржина... И повторно, може да се каже дека сè е релативно! 

FB Препораки