таг / врвови

Прилепскиот планински тркач Александар Стојкоски заедно со важната помош од една мала логистичка екипа, вчера на 17.10.2018 успеа да ги искачи и поврзе сите врвови над 2000 метри на планината Баба (на македонска територија) за помалку од 24 часа. Ако се прашувате колку се на број - скоро 1 врв за секој час.

Ако некогаш се заинтересирате или воошто ви треба информација за тоа колку експедиции, луѓе, националности, успешни и неуспешни, смртни случаи и многу повеќе имало на околу 350 хималајски врвови во период од околу 120 години - тогаш не барајте повеќе. Сето тоа долготрајно и макотрпно документирано од рацете на една жена.. 

Статијава почнува вака: Ако Француската Академија на Науките во 1793 година ја направеше должината на метарот нешто помала од еден десет-милионити дел од дистанцата меѓу Екваторот и Северниот пол, тогаш на светот можеби и ќе имаше повеќе од 14 врвови повисоки од 8-илјади метри над морето. Вака, мерката си е таа, а врвовите се тие. 

Вчера на 24.12.2013 во музејот на Mакедонската Борба во Скопје се одржа интересен настан. Презентацијата насловена како ИНТРОСПЕКТИВА НА 7-ТЕ СВЕТСКИ ВРВОВИ од Д-р. Сашко Кедев во организација на Агенцијата за млади и спорт беше проследена од бројна публика и со воодушевување од преполната сала. 

Идниот месец на 11.12.2017 по повод Светскиот ден на планината, во киното Фросина ќе гостува бугарскиот високогорец Бојан Петров кој има искачено 10 од вкупно 14-те врвови повисоки од 8000 метри. 

Ако го земеме фактот дека во светски рамки досега постојат само 33 луѓе со верификувани искачени сите 14 врвови повисоки од 8000 метри над морето, а ниеден од нив не е ни приближно од Балканот, тогаш оваа информација е доста важна. 

Со искачувањето на Елбрус на 17 Јуни годинава, мојот курикулум стигнува до 4 од 7 од проектот 7 врвови на 7 континенти.

FB Препораки