таг / врело

Пештерата Врело во кањонот Матка е втора најдлабока подводна пештера во Европа. Сепак, останува прашање дали длабочината од 240 метри е и конечната длабочина на пештерата или таа е многу подлабока.

Избегнувајќи ги гужвите од преполниот кањон овојпат нашата приказна ја продолжуваме со веслање во помалку познатиот дел од Матка, на потегот од пештерата Врело па се до новата брана Св. Петка. 

Спелеолошкиот нуркач Кшиштоф Старнавски од Полска ќе се обиде да го сруши рекордот на италијанскиот нуркач Луиџи Казати, кој во 2010 година се спушти на длабочина од 212 метри во пештерата Врело на Матка.

Македонските спелео- нуркачи од спелео- нуркачкиот клуб Врело" и нуркачкиот клуб "Акватек" ја завршија првата експедиција во двете езера кои се наоѓаат во туристичката пештера Врело.

Видео од пештерското нуркње на нуркачите од клубовите Врело и Акватек.

Нуракчите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело" од Скопје, нуркачи од Охрид, Кавадарци и Битола успешно реализираа спуштање низ езерото Матка од подводната пештера Врело се до местото викано Широко езеро (на половина од браната до пештерите) со цел на лоцирање и означување на подводен одпад, и негово понатамошно отстранување.

Овој септември полскиот нуркач Кшиштоф Старнавски заедно со неговиот тим и логистичката поддршка од македонските нуркачи успеа да го направи најдлабокото нуркање во пештерата Врело во Матка. Ова е само краток дел од неговите видео записи од нуркањето кое беше изведено до длабочина од 230 метри. Во исчекување сме на целосното видео.

Македонските нуркачи предводени од спелеo- нуркачкиот клуб „Врело" и нуркачкиот клуб "Акватек" пронајдоа нова подводна пештера во езерото Матка.

Македонските нуркачи од клубот „Акватек" и спелео- нуркачкиот клуб „Врело" ја продолжија својата истражувачка експедиција во пештерата Врело на Матка.

FB Препораки