таг / водно

Во фантастични временски услови, пријателска и позитивна атмосфера и со учество на околу 400 тркачи од 20 држави, вчера на падините на Водно и кањонот Матка се одржа второто издание на трката во планинско трчање „Водно Матка Треил Маратон".

Тригодишната Бела Зарапчиева, на 13ти Јануари 2019та се запиша како најмладата сноубордерка која успеала да го спушти врвот Крстовар, кој со своите 1066 м.н.в претставува највисокиот врв на планината Водно.

Ова лето на 1 јули на падините на Водно во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи 17-тото Европско Првенство во планинско трчање.

Првото издание на планинскиот маратон Водно-Матка е закажано за некои 18-тина дена, а вториот бран за пријавување истекува на 11 март. Приклучи се на предизвикот!!

Точкарско видео во Македонија? Дали си ти нормален бе? 

Викендов, планината Водно и Скопје беа домаќини на 17-тото Европско првенство во планинско трчање во организација на Македонската Атлетска Федерација како дел од календарот на Европската Атлетска Асоцијација и ИААФ.

Викендот на 25.03.2018 година градот Скопје, планината Водно и споменикот на природата Матка беа домаќини на првиот планински маратон „Водно-Матка Треил Маратон" во организација на здружението ТРЕКС и ПСД Макпетрол од Скопје. Иако временските услови и условите на патеката беа повеќе зимски отколку пролетни, тоа не ги спречи вкупно 315 учесници да се предизвикаат на фантастичната патека околу Водно и Матка и да уживаат во атмосферата на настанот.

Бојан Наунчевски го возвраќа ударот во битката за доминација над Снежно Водно. Битката се води помеѓу фрирајд(кантови) и даунхил(тркала) заедницата изразено во равенката адреналин*забрзување/гигабајти... Уживајте!

Деновиве Водно наликува на мини ски центар каде во длабокиот снег уживаат многу љубители на ски и сноуборд. Погледнете го видеото и сè ќе ви стане јасно! А може и да посакате веднаш да тргнете натаму...

FB Препораки