таг / видео

Ако постои спортски празник на главниот град, тогаш тоа дефинитивно е Скопски Маратон. Доживејте ја повторно атмосферата која 12.500 тркачи ја искусија за време на Виз Ер Скопски Маратон 2019 преку ова кратко промотивно видео.

"More than just parks" или „Повеќе од само паркови” е ентузијастички проект на браќата Патиз од продукцијата „Си Рејвн Медиа” со идеја е да се претстават 59-те национални паркови на САД во едно фантастично тајм-лапс и видео издание. До сега имаат покриено 11, а ако сакате да видите повеќе, помогнете и донирајте тука.

Од 13ти до 15ти Април во Грција се оддржа интернационалниот натпревар Прхомахи Опен, каде што македонскиот тим на параглајдеристи постигнаа огромен успех со победа во сите категории, победник на натпреварот беше Мартин Јовановски со прво место и во сериска категорија, а прво место во спортска категорија беше Дарко Станковски. Исто така со одличен настап беа и Ѓорѓи Ристовски и Борјан Јовановски со резултат во првите 10. Добар натпревар имаше и Александар Ангеловски со 6-то место во EN-B категорија.

Прошетка од најгустите делови на џунглата до алпската „пустина” и арктичката зона на врвот. 

Две прилично прецизни репрезентации на она фантастично чувство после истрчан маратон.

Само што си рековме дека е веќе доста од одлични скијачки авантури и видеа за оваа година, снимено од страна на неколку наши фрирајд љубители и одлична продукциска екипа, во оптег беше пуштено краткото видео насловено како „Заборавената убавина” - Фрирајд во националниот парк Галичица - фантастичното видео со скијање на неколку кулоари под врвот Магаро и неверојатно скијање на зајдисонце. 

Дечки од Австрија случајно на интернет дознаваат дека во Македонија имало планини со убав снег за фрирајд и откако наоѓаат подетални информации за нивната нова авантура се впуштаат во одлично време и многу свеж снег на Шапка по што оставаат прекрасно видео како спомен...

Повеќе за искачувањето тука

FB Препораки