таг / ултрамаратон

Го имаме вториот женски финишер на една од најпознатите светски трки во планинско трчање. 

Овие денови на еден од најтешките ултрамаратони во светот - Бедвотер во САД, се поставени два нови рекорди за минување на 217-километарската патека која движи низ неверојатно сурови делови на Долината на смртта. Читајте нешто повеќе за историјата и новите најдобри времиња на еден од најекстремните ултрамаратони во светот. 

Многумина ултрамаратонци не се ни супер жени, ни супер мажи, но имаат нешто заедничко - сите ја имаат откриено радоста на трчањето во природа. Нема граници на возраст, нема полова, расна ниту национална делба, единствено има една цел – целта.

Викендов во Белград се одржа 10-тото издание на трката „Маратон Маратона” во чиј склоп се одржа и државното првенство во ултрамаратонско трчање. 

Ако се инспириравте од приказната на ултра мајката Софи Пауер, која го истрча УТМБ доејќи го малиот Кормак минатиот септември, спремете се за уште една супер мајка...

Ултрамаратонското трчање за најголемиот дел од луѓето е спорт кој тешко може да се разбере. Замислете трка на 24 часа. Навистина лудо. Сега замислете трчање на подвижна лента во времетрање од 24 часа и претрчани 264 километри. Како ви звучи ова?

Ако мислите дека трките на 100 километри, 100 милји или на 24 часа се многу, дали воопшто имате претпоставка колку е долга најдолгата сертифицирана патека на светот?

Краси Георгиев е бугарскиот ултрамаратонец кој овој месец во својот проект наречен „Коридор 8” трча 1000 километри од Црното до Јадранското море. 

Викендов во Хонг Конг се одржа деветнаесетото издание на Vibram Hong Kong 100 (HK100) на која доминираа кинеските спортисти.

На 14 октомври оваа година една од најдобрите ултрамаратонки на Унгарија, Викториа Макаи, додека го прави својот редовно тренинг трчање таа е брутално нападната од страна на непознат човек. Иако поминува со тешки психо-физички последици, таа решава јавно да ја каже својата приказна во кампања против насилството врз жените. 

Оваа недела, заклучно со 31 август официјално се затвораат пријавите за овогодинашното осмо издание на планинската трка Крали Марко Треилс во Прилеп. Мотивирајте се, земете учество и бидете дел од предизвикот!!

FB Препораки