таг / турнир

Македонскиот тим, кој оваа година скромно броеше 9 натпреварувачи зеде учество на Светскиот шампионат во боречки вештини кој се одржа во Сер – Република Грција [12 – 13 мај 2018]. Шампионатот беше во организација на Светската федерација за боречки вештини а реализација на домаќинот – Грчката федерација за боречки вештини под покровителство на градоначалникот на Сер.

На 24, 25, 26 и 27ти август 2017 година по повод верскиот празик „св. Богородица” во с. Владевци ќе се одржи веќе традиционалниот турнир во уличен баскет. Пријавување до 23ти август. Награди за победниците. Погледнете го прилогот за повеќе информации...

На 21.05.2017 (недела) со почеток во 9 часот се одржа првиот интерен турнир за членовите на Nagomy fitness. Целта на овој турнир беше да се мотивираат самите натпреварувачи да ја поминат границата на комфорната зона и да видат дека се способни за многу повеќе.

Наредниот месец од 24 до 31 јули во Босна и Херцеговина ќе се одржи овогодинешното издание на „ДиаЕуро” - Европско футсал првенство за лица со дијабетес. На турнирот ќе учествуваат 16 европски држави, а за нашата репрезентација ова ќе биде прво претставување. Знаејќи ја важноста на спортувањето и физичката активност во регулирањето на дијабетесот решивме да се состанеме и да направиме мал прилог со тимот, а воедно и со здружението на лица со дијабетес „Алегрија” кое е доста активно на ова поле. 

На вчерашниот турнир за бразилска џиу џица за деца од 4 – 17 години "BJJ JUNIOR II" кој се одржа во Белград Србија нашиот тим од "Д СТРОНГЕСТ & ROOTS BJJ" предводен од Председателот на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица, Алексовски Ивица освои 15 МЕДАЛИ!!!

Во организација на Џудо клубот Миоки од Скопје во саботата (31.10.2015) во СЦ Борис Трајковски беше одбележан Меѓународниот ден на џудото со традиционалниот џудо турнир „Миоки Опен” кој се одржува по шести пат. 

На покана на Светската федерација за боречки вештини а во организација на Грчката федерација за боречки вештини на 9-ти јули во Паралија – Катерини, Република Грција се одржа меѓународниот ортворен турнир на кој учествуваа соседните земји на Грција со околу 300 натпреварувачи.

На седмото издание на меѓународниот џудо куп „Миоки Опен” кој во саботата (29.10.2016) се одржа во СЦ Јане Сандански настапија вкупно 513 натпреварувачи од 14 Држави. Во прекрасна спортска атмосфера љубителите на овој спорт можеа да уживаат во одличните борби.

Изминатиов викенд во ОУ „Братство" во Скопје се одржа првиот меѓународен турнир во женско борење „9-ти Мај'' на кој земаа учество претставници од Србија, Бугарија, Косово и Македонија.

Овој викенд во Загреб, Хрватска во организација на Хрватската Федерација за БЏЏ и Хрватската Не Ваза ЏЏ Федерација се одржа еден од најквалитетните турнири во регионов, познатитот "EAST EUREOPEAN BJJ OPEN 2016".

Шампионскиот тим на Роотс БЏЏ на турнирот „Gameness Macedonian BJJ Open 2015" освои 50 медали, од кои 12 ЗЛАТНИ, 18 СРЕБРЕНИ и 20 БРОНЗЕНИ МЕДАЛИ.

FB Препораки