таг / тур де галичица

Аутдор настанот „Тур де Галичица" овој викенд во Отешево и Националниот Парк Галичица ќе се одржи по шести пат oд 15ти до 16ти јуни 2019 година. Бидете дел од супер позитивен велосипедски и планинарски настан во природа и на отворено. 

Откако во редовниот термин овој јуни ресенчани имаа проблем што во ист ден се реши пола политичка сцена да завесла од Отешево за Нивици, па својот велосипедски настан мораше да биде откажан, Тур де Галичица го враќа ударот. Ќе се одржи во август, ќе има прописно возење и планинарење, а богами и капење. 

Овој викенд имавме можност далечинскиот управувач да го калибрираме на нешто многу поинакво од досадните локални ТВ канали. Топло препорачуваме да ја изгледате оваа епизода, и да си направите некоја во ваш стил и режија, без разлика дали имате или немате некоја јака продукција. Најдоброто што може да ви се случи е да се навлечете токму на оваа серија. 

На 22ри овој месец имаме можност да вртиме педали на прекрасната Галичица. Ви најавуваме вака порано, чисто да си ја ставите турава во календарот, било еднодневна, а може и дводневна со шатори за поубаво аутдор искуство. 

Викедндов стотици велосипедисти и една рака организатори кои напорно работеа на петтото издание на нивниот вело-фестивал беа пресретнати од силни контра струења во преспанското езеро поради кои настанот мораше да се одложи. Сепак, тоа апсолутно не може да ги спречи луѓето да си ја извозат турата самостојно и да уживаат во прекрасната Галичица и погледите кон Преспа и Охрид. 

Нашите канцелариски простори викендов беа трансцендирани во мини-кампот на плажата во Стење, некаде на тивкиот преспански раб од Македонија, местото од каде што започнавме да го работиме и да го уживаме вело-проектот: „Тур де Галичица“. 

FB Препораки