таг / триатлон

Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем настан во триатлон.Триатлон федерацијата на Македонија на 6 и 7 јули покрај Билјанините извори во Охрид ќе го организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 на Македонија.

Скопје го добива првиот триатлон натпревар кој ќе се одржи на 9 јуни, а стартот и целта на натпреварот „Топси Триоги Триатлон" ќе биде во Спортскиот центар Борис Трајковски

МТФ ја доби наградата за „Најистакната национална федерација за 2018 година" од ЕТУ - Европската Триатлон Унија. 

Македонската триатлон федерација заедно со Спорт за сите – Сите за спорт од Охрид го имаа исклучителна реализација на ЕТУ Балканското првенство во триатлон. Учесници од над 20 држави се натпреваруваат во текот на викендот.

Елена Зисовска тренира и се натпреварува во дисциплина која претставува ултимативно тестирање на човечките можности, триатлонот. Нејзин постојан предизвик во спортот е себенадминувањето, додека резултатите и наградите го докажуваат тоа. Освен во натпреварувањето во триатлон, Елена активно се занимава со мотивирање на поголем број на девојки да почнат рекреативно да се занимаваат со спорт во нашата земја. Голем предизвик за Елена е оваа сезона да се натпреварува на Half-Ironman трката и секако да го зголеми бројот на победи, да мотивира и напредува на сите полиња.

Пријавувањето за Европскиот јуниорски куп и националното триатлон првенство (06-07 јули 2019г.) во Охрид започна!

Новиот светски рекорд во 70.3 Ајронмен одново го поставува прашањето за тоа до каде оди границата на човековите можности и издржливост.

Македонските триатлонци имаа успшен настап на Европскиот јуниорски триатлон куп во Тулчеа, Романија.

Триатлонот сам по себе претставува комплексен и доста напорен спорт, Ајронменот може да се каже дека е олицетворение на неговата бруталност, а веќе 10 ајронмени во еден мах се резервирани само за најбудалите (секако во позитивна смисла). Дека-ајронмен, швајцарската ултра и една 22-годишна девојка која успеа да го заврши ова натпреварување летово. 

Да бидам искрен, овoј текст го имам пишувано во главата барем едно 50 пати додека сум возел точак. Најчесто после деловниот состанок што ќе го направам со самиот себе и една расправија пак со самиот себе ќе дојдеше на ред текстот што ќе го напишам за Karas откако ќе станам Ајронмен. Некако после сѐ што ми се случи, ме напушти желбата за пишување на текстов, ама вчера ми стигна имејл од луѓето од организацијата на Ајронмен трката на која бев, она скроз америчка прикаска, демек сега ја знам стазата, па да се пријавам пак за догодина и да имам супер резултат. И нив им вратив и онака си кажав што ми лежеше на душа, па некако тоа ме окуражи и тука да си кажам што како беше.

FB Препораки