таг / trex

Одговорете точно на загатката и добивате шанси за да бидете извлечени за бесплатна стартнина на една нова планинска трка во Македонија!

*одговорите објавете ги во коментар на подолната објава.

Со учество на 110 натпреварувачи, доминантно домашни но и странски поединци, и во одличен есенски амбиент се одржа третото издание на трката во планинско трчање Струмина Треил која се одржува во околината на Штип. 

На првото издание од српската Скајранинг лига која се одржува оваа сезона македонските планински тркачи досега се имаат покажано во одлично издание, освојувајќи повеќе подиуми. Овој викенд, Марјан Бонев беше повторно меѓу првите на вертикалниот километар на Проклетие. 

Во одлична атмосфера, многу дружба, перфектен репертоар на филмчиња и убава дискусија заедно со поканетите се одржа второто издание на мини-филмскиот фестивал „Луѓе како нас” кој ја разработува темата на планинското трчање. Секој од вас некако скриено влегува во категоријата „Луѓе како нас”. Единствено потребно е да се почека моментот кога истото ќе излезе на површина од вашето битие. 

Јовица Јованчев од нашето здружение на планински тркачи TREX заврши прв на трката Авала треил која беше и официјално отварање на првата скајранинг лига во Србија и регионот.

Во организација на македонското здружение на планински тркачи TREX, зимскиот вертикален километар на Церипашина како и другите скај-ран трки од овој тип полека но сигурно градат една убава традиција во нашето секојдневие.

Изминатиов викенд на националниот празник Илинден во рамки на српската Скајранинг Лига беше одржана првата прекугранична трка во планинско трчање - Шарпланински Скајрејс на која првото место го освои нашиот тркач Марјан Бонев. 

Тричлена екипа на здружението на планински тркачи TREX овој викенд успешно ја истрча малата Шарпланинска трансверзала која се протега по целиот гребен на Шара од Старо Село до Попова Шапка.

Веќе втора година по ред сите оние кои се тесно врзани со нивните патики за трчање ќе бидат во можност да проследат интересен репертоар на кратки филмови со акцент на планинското трчање кое во последните години е во одличен подем.

На 21.02.2015 група наши членови направи пробно трчање по Селечка Планина – делот на патеката на која се предвидува да се одржи трката Momata Rock Trail на 14 јуни оваа година.

Овој викенд во учество на околу 70 натпреварувачи во градот под Исарот и околните ридови се одржа првата трка во планинско трчање „Струмина Чешма“.

FB Препораки