таг / треил

Викендот на 25.03.2018 година градот Скопје, планината Водно и споменикот на природата Матка беа домаќини на првиот планински маратон „Водно-Матка Треил Маратон" во организација на здружението ТРЕКС и ПСД Макпетрол од Скопје. Иако временските услови и условите на патеката беа повеќе зимски отколку пролетни, тоа не ги спречи вкупно 315 учесници да се предизвикаат на фантастичната патека околу Водно и Матка и да уживаат во атмосферата на настанот.

Секоја планина си има своја долина, секоја река има свое езеро, нашето Водно ја има својата Матка. Нераскинлива природна архитектура и врска која е на само 10-тина минути од центарот на бучавата, можност за целодневно лесно пешачење или можеби уште поинтересно, трчање низ најатрактивните делови на планината Водно и кањонот Матка. 

Изминатиот викенд на 30.07.2017 на Јахорина се одржа третото по ред издание на трката во планинско трчање Јахорина треил. Македонските претставници имаа одличен настап, а Марјан Бонев и Милева Мартина го освоија првото место во своја категорија.

Полека и мрзеливо, но во одлично темпо на опоравок минува вториот ден после сериозното викенд ултра искуство кое го имавме трчајќи ја Малата Шарпланинска Трансверзала, а впечатоците започнуваат се посериозно и живописно да се навраќаат. Да се мине речиси половина од билото на грандиозната Шара во една единствена сеанса и целосно самоодржливо претставува сериозно голем подвиг и уште посериозно искуство и истражување на себеси, природата и многу повеќе. 

Овој викенд на 15 ноември по разноликите штипски ридови и долини се одржа второто издание на Струмина Треил - трка во планинско трчање која има за цел развој на овој спорт во источниот крај на Македонија. 

Протегнете нозе и запишете уште една планинска трка на вашиот календар. На 15 ноември ќе се одржи второто издание на Струмина Треил во околината на Штип.

Пријавите се веќе отворени за новата кратка трка во треил трчање во Македонија која ќе се одржи на прекрасните осоговски падини. „Градче Треил Ран” го става Кочани и Осоговските планини на мапата на трки во планинско трчање во Македонија. 




Добрата форма е основа на секој спорт, но за да ја постигнете потребена е редовност и посветеност во тренингот. За разлика од трчањето на рамен терен, во планинското трчањето техничкиот аспект на теренот и менталниот фокус се дополнителен предизвик на патот до совршена тркачка форма.

 Прочитајте некои основни насоки и совети за подобрување на вашата форма со што ќе го зголемите вашето целокупно уживање на овој одличен спорт во природа. 

Точкарско видео во Македонија? Дали си ти нормален бе? 

Денес е последен ден за да се пријавите за учество на овогодинешното издание на трката во планинско трчање Струмина Треил 2015...

Овој викенд, прекрасната природна сцена околу прилепските болдери е потполно спремна за најголемата и најмасовната трка во планинско трчање во Македонија. Повеќе од 170 натпреварувачи, 3 трки со различни должини и една цел. Дојдете да уживаме и да ги бодриме натпреварувачите на КМТ 2015.

FB Препораки