таг / тилт шифт

Минијатурно прикажување дека за време на еден маратон, каде и да се одржува, пато, масовно припаѓа на оние кои се пријавиле да трчаат. 

Типично американски! Со клавир кој оптеретува некој каубојски кантри, хеликоптери на сите страни и нормално, предизвикување на огромни снежни падини сето тоа едитирано со тилт шифт. Teton gravity research во минијатурна верзија за екстра делот од филмот One For The Road.

По примерот на Џексон Хол во Америка, и нашите комшии на Пирин направија видео во минијатурен стил за нивниот скијачки центар. Не толку енергичен како американскиот, но сепак доволно вреден да се погледне.

Кликаш, запаѓаш и стануваш дел од ситните снешковчиња и ратрачиња на можеби најперфектниот минијатурен флуид од видео направен за еден ски резорт. Е за деминутивот на Вистлер, Канада можеме да кажеме дека само во четири и нешто минути има потенцијал да ви ги промени нештата на работното место. Можеби и шефот ќе го гледате како бубаче па ќе сакате да го згазите, а потоа ќе си свиркате.

Еден сосема нормален и убав скијачки ден во Џексон Хол, Вајоминг, САД. Планината е со големина од кригла пиво, а во позадина оди Тајм од Пинк Флојд во даб степ верзија = Бесценето! 

FB Препораки