таг / тахити

Квалитетно парче на документарец за локацијата на која се формираат некои од најголемите бранови во светот, Техупо на Тахити, а и за луѓето кои сурфаат големини на бранови кои не треба да бидат сурфани. Разработен е и проблемот со регулацијата на целиот „стадион“ на луѓе кои доаѓаат да фаќаат сеир.

Можеби далеку од прва рака, ама најблиску што може од втора да се осети како е да се биде во сурферка „цевка“ или „фишек“, како сакате, оние хидродинамични феномени што се случуваат кога бранот се прекршува и замотува, а сурферот внатре си брка работа. Суперкул.

Првите џудовишта од бранови на јужната хемисфера се случија пред два дена во Техупо, Тахити кои нормално, беа радосно пречекани од околните про и не толку про сурфери. Еве некој поглед како беше.

Пред некое време имаше објавено снимки каде Посејдон беше на камера, различни од оние кога Одисеј си иде за Итака. Епа сеа и овие како епопејава ги филмувале, кратко ама исто така моќно.

FB Препораки