таг / статистика

Ако некогаш сте се запрашале како изгледа Тур де Франс низ бројки и колкав напор е потребен за за да се заврши, еве неколку интересни податоци врзани токму за оваа тематика.

Атлетиката, или кралицата на спортовите е дефинитивно еден од најстарите, најпроучуваните и најраспространетите спортови воопшто. Кај нас посериозен и поорганизиран пристап кон атлетиката се забележува веднаш после Втората светска војна поточно 1945год. додека првиот сојуз е оформен во 1947 год.

Викендов напоредно со Скопскиот Маратон во Скопје, во Монца, Италија екипа елитни маратонци спонзорирани од Најк ќе се обидат (во контролирани) услови да ја срушат бариерата од 2 часа за маратон. Подоле следат некои експертски гледишта на проблематиката која моментално изгледа како апсолутно недостижна земајќи го фактот што моменталниот рекорд е скоро цели 3 минути „поспор”  од тоа.

Во 1950 година шкотскиот епидемиолог Џеремаја Џери Морис за првпат докажа дека неактивниот начин на живот и седењето се лоши по здравјето на човекот и започна да џогира...

Нејмар е само еден од толпата повредени на ова Светско фудбалско првенство во Бразил. ФИФА прави сериозна статистика, анализа и ангажмани на ваквите настани со цел да се намали бројката на повредени фудбалери.

Од мојот тригодишен труд  под менторство на проф. д-р Јован Јовановски произлезе оваа докторска студија која интерактивно ќе ве воведе во светот на мускулната сила и тренажниот процес. 

Трчањето е прв избор за спорт на голем дел од светската популација. Да бидеш активен тркач значи да бидеш посветен, дисциплиниран, да имаш цел. За многумина таа цел се нарекува маратон - најтешката тркачка дисциплина. Ако единствената цел ви е да финиширате маратон тогаш оваа статија можеби нема премногу да ве интересира, но ако сакате да бидете најбрзи што можете тогаш можеби не е лошо да знаете која е идеалната возраст за трчање маратон.

Ако правиш проста математика можеш веднаш да израчунаш дека ако не вежбаш на годишно ниво ќе заштедиш 12 месечни чланарини (или трошоците за што и да вежбаш). Ако правиш паметна математика тогаш ќе знаеш дека ако не си активен ќе дадеш многу многу повеќе пари на лекување... 

Статистика на ФИФА правена на претходново фудбалско првенство вели дека играта имала 40 посто помалку мали и големи повреди во споредба со претходните турнири.

Сериозни студии потврдуваат дека процентот на смртноста предизвикана од физичка неактивност и пушењето е иста.

FB Препораки