таг / спортско качување

Олимписките игри се во постојана потрага по спортови чија содржина соодветствува со духот на времето во кое живееме. Оттаму тие се во постојано и динамично менување и приспособување на модерните трендови и вкусови на светската популација.

Во 2014 година Јорг Верховен минува 30 дена во долината Јосемити со намера да направи целосно слободно качување на насоката „Носот" во огромната карпа наречена Ел Капитан. Со своите 915 вертикални метри на чист гранит, сериозната експонираност и интересна историја оваа насока претставува една од иконите на качувањето. Иако на годишно ниво насоката има околу 400-600 успешни искачувања, сепак, слободните искачувања може да се сместат во прстите на раката. 

На 27 Декември, веќе трета година по ред Болдер Натпреварот 'PlASTICMAN 3' го прославува својот роденден. Имено, овој предновогодишен болдер натпревар се одвива под маски, односно секој е маскиран според темата за овогодишното издание. Натпреварот помина во одлична качувачка атмосфера и дружење.

Се оджа и првиот напревар за оваа сезона, на качувачкиот стадион Карпош во Скопје во дисциплината Болдер и во категориите: Цицибани, Млади А и Б, Сениори и Сениорки. Поради лошите временски услови одржувањето на натпреварот беше неизвесно. 

На 3 септември 2017 година еден од најдобрите качувачи во светски рамки - Чехот Адам Ондра успева да ја качи насоката Silence (Тишина) во норвешката пештера Ханшелерн. Подоцна насоката е означена со нова тежина од 9c што ја прави и најтешката спортско-качувачка оцена во светот. 

Последната Недела од 2015 година, на 27 Декември во болдер салата СЦ 'Борис Трајковски' одекнуваше разгорената атмосфера од лудиот качувачки болдер натрпевар PLASTICMAN 3 со кој за трет пат ја заокружуваме качувачката сезона со овој отворен, урбан и веќе култен качувачки настан.

Изминатиот викенд на повеќе болдеринг активности во Прилеп неколкумина млади и одлични македонски качувачи поставија супер резултати на болдеринг. Трета 8а оцена за Марио Минчевски, Виктор Трповски е најмладиот Македонец со 7c, a Маја Петровска реши повеќе 6c проблеми.

На 12 Септември во Битола во градската болдер вежбална се одржа Болдер натпревар како дел од Првенството на Македонија во спортско качување.

На 9-10 мај, во Австискиот град Дорнбирн се одржа Европскиот младински куп во водство, а наш преставник беше Виктор Трповски. По натпреварувањето тимот продолжи со тренинзи во Минхен, се до 14-16 мај, каде што се враќаат во Инсбрук на Европското ПРВЕНСТВО во болдер 2015.

FB Препораки