таг / Скопје

Околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави го прославија 15. јубилеј излегувајќи на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон "ЕУ за спорт" и трката на 5 километри. Тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје, беше целосно подготвен и ги исполни потребите и барањата на рекордниот број на пријавени.

Глобалното протестно движење за климата предводено од младите ги повикува сите граѓани да учествуваат во првиот глобален климатски протест на 15-ти март.

Викендов од 7-9 Ноември се одржа седмото издание на меѓународниот турнир во хокеј на мраз Skopje Ice Festival

По успешниот натпревар минатата година, ве каниме на Fit Games vol.2 – подобар, поголем и уште позабавен настан! :)

Денеска на 04.05.2018 година во склоп на првиот Скопски Спортски Фестивал на Школка во градскиот парк со почеток во 19 часот ќе можеме да ги погледнеме четирите кратки филмчиња од светската качувачка турнеја Рил Рок 12. Повелете на добра дружба и одлични спортски филмчиња. 

Викендот на 25.03.2018 година градот Скопје, планината Водно и споменикот на природата Матка беа домаќини на првиот планински маратон „Водно-Матка Треил Маратон" во организација на здружението ТРЕКС и ПСД Макпетрол од Скопје. Иако временските услови и условите на патеката беа повеќе зимски отколку пролетни, тоа не ги спречи вкупно 315 учесници да се предизвикаат на фантастичната патека околу Водно и Матка и да уживаат во атмосферата на настанот.

Во последните неколку години сите сме сведоци за квалитетот на воздухот кој го дишеме во главниот град, особено во зимскиот период – рангирани највисоко на листата на најзагадени градови во светот, први во Европа, Скопје стана идеален град за снимање на хорор филмови.

Жителите на градовите во Македонија дишат најзагаден воздух во Европа! Бараме итно спроведување на мерки насочени кон трајно справување со овој проблем!

14-то издание на Виз Ер Скопски маратон официјално заврши и истиот беше исполнет со одлична атмосфера благодарение на организаторите, поддржувачите и учесниците.

Погледнете го промотивното видео од 6-та Авицена Женска трка која се одржа на 1 април 2018. 1636 жени ја исполнија Илинденска со позитивна енергија :-)

Околу 900 натпреварувачи го исполнија булевар „Илинден" за Скопје трча 10КМ (Skopje Run 10K). Атмосферата беше исполнета со радост, забава и фер натпревар кој дефинитивно го одбележа спортскиот начин на живеење во Скопје.

FB Препораки