таг / скокање на јаже

Јажето за скокање е една од најдобрите и најефективни фитнес реквизити кои постојат. За жал оваа супер практична и економична направа често е комплетно заборавена и потценета.

Кога активно скокаш на јаже повеќе од 20 години се здобиваш со три работи. Јако тело, специјализација во скокање со јаженце и доживотна кардио вежба. Проверете до каде сте со вашите скокачки способности во споредба со сестрите Банхеги.

Ако ова парче опрема досега не ви било на дневното тренинг мени, време е да му направите еден солиден камбек. Ок, не мора да се обидувате да ја следите техниката на тренерчево овде, бидејќи тешко дека ќе го стасате, ама вие бар почнете да го работите основното, над глава - под нозе, континуирано, додека не пукнете..

Ако било кога во животот во континуитет сте скокале бар минута на јаже јасно ви е колкава моќ поседува ова мало паче опрема. Силно препорачуваме да го вметнете во вашата тренинг рутина, а веќе кога ќе почнете да го владеете, превземете го следниот чекор, двојно под вашите нозе.

Имате неколку вежбички со своја тежина за топење сало меѓу кои и неизбежното скокање на јаже. Кој е за?

Можеби малку застарена, но далеку од непотребен вид на вежба. Скокањето на јаже се докажа дека е една од најдобрите вежби за човековото тело активирајќи ги скоро сите мускули.

FB Препораки