таг / скок

Овој викенд на 11.11.2017 во обид да направи таканаречен „бејс” скок од врвот Ама Даблам во Непал, загина еден од најпознатите и профилирани екстремни спортисти во светот - Русинот Валери Розов. 

Скок од врвот на највисоките згради на светот снимено во 360° степени кои ти можеш да ги вртиш т.е. многу јако.

На кратко: поставен е нов рекорд во скокање од карпа во некој кањон во Швајцарија. Aко некогаш сте скокнале од некоја малку повисока капра, пример од Канео или онаа на Белиот Рај во Миравци тогаш знаете дека мочката мрзне и во лето. Епа типов лета 4 секунди. 

Типот што рипна од оној слој на атмосферата што има претставка „страто“ и паѓаше многу минути, а после тоа се пензионираше од каскадерството. Епа скоро, Ред Бул пушти нови снимки, оние од неговата кацига. Еве што гледал тој за време на летот или падот, како сакате.

Доколку институциите не си ја вршат работата како што треба, понекогаш ќе се најдат некои доволно загрижени граѓани кои ќе помогнат во полирањето на патниот правец. Има среќа дечкото што инерцијата не му даде да заринка инаку немаше да смеат. 

Макотрпен тренинг, организација, логистика, вежбање формации и бум новиот светски рекорд во најголемата формација од летечки костуми беше поставен.

Кога бејс-џампот ќе го надоградиш со катапулт достоен да искпука возрасен човек...

Ви ја одјавивме зимската сезона многу рано, па да се оддолжиме со кратко но убаво срочено парче мултимедија. Сноумобил, одамна сме немале, па и со некој нервозен дед метал фронтмен. 

Кевин Банија студент по кинезиологија на универзитетот Висконсин во Милвоки е кросфит типче со пропорции (178см - 80кг) кое ќе ве остави без зборови со својата експлозивност која е прв предуслов за неговиот рекорд од 163,6см во Standing Box Jump. Заклучок: За Кевин оградите не се пречка. 

Орландо Дуке професионално се разластува некаде во националниот парк Chapada Diamantina во Бразил.

Австриецов кај се фрли од хеликоптер, кај достигна 170km/h брзина, па уште успеа и да се прочалами на луѓето што си уживаа на врвчево!

FB Препораки