таг / скајранинг

Неколку денови откако заврши официјалната скајранинг трка во гратчето Алања, италијанскиот спортист Марко Де Гаспери направи самостоен обид за поставување на најдоброто време на „највисоката” патека во Западна Европа - од Алања до врвот Монтероса и назад.

На 05.08.2017, Александар Кирковски со поддршка на Игор Јовановски успеа да направи брзинско искачување на највисокиот врв на Алпите - Мон Блан 4810 мнв, за 6 часа и 26 минути. Краткото филмче насловено „Монте Бјанко Флеш” разработува детали од подвигот и авантурата на екипата... 

Третото издание на которскиот вертикален предизвик е веќе објавено, а следи и одлично видео загревање за трката која буквално оди од морето до небото на Бока Которска. 

Планинските тркачи од македонскиот TREX, Марјан Бонев и Јовица Јованчев, викендов убедливо финишираа на првите места во своите конкуренции во комшиската Скајранинг Лига во Србија. Ако на ова го додадеме и првото место на Тања Стојановски која половично е Македонка тогаш имаме три од три први места на ултрамаратонските трки на Стара Планина. 

Македонскиот тркач и член на TREX, Марјан Бонев заврши на третото место на вертикал трката на планината Ртањ која се одвиваше овој викенд во организација на СкајРанинг Србија. 

Во втората недела од мај 2018 година, четворица македонски претставници ќе бидат дел од Ред Фокс Елбрус планинскиот спортски фестивал каде тројца од нив ќе земат учество на една од потешките планински скајранинг трки во светски рамки која се одвива од полјаната Азау 2350 мнв. до највисокиот врв на европа Елбрус 5642 мнв. Ова ќе биде второ претставување на наши учесници на трката. 

Овој викенд на врвот Елбрус, Кавказ се одржа трката Ред Фокс Елбрус на која успешно се претстави нашиот прв македонски тим составен од Марјан Бонев, Александар Кирковски и Дејан Тодевски. 

Во рамките на стартот на овогодинешната српска Скајранинг лига, првата трка беше одржана на Копаоник со старт во 5 часот изутрина и екстремно тешка стаза од 15 километри и 1800 метри качување. Покрај големата група на наши тркачи и уживатели во планината и природата беше и стандардно спремниот и секогаш конкурентен Марјан Бонев кој го освои третото место. 

Овој први мај на прекрасната Сува Планина близу Ниш се одржа второто издание од Соколов Пут, скајранинг трка која влегува во српската скајранинг лига. Македонија настапи со одличен тим од 9 тркачи кои постигнаа одлични резултати, а Марјан Бонев од TREX го освои второто место.

FB Препораки