таг / Швајцарија

Сем Антаматен е про-скијач кој е израснат на падините на Матерхорн и околните алпски врвови близу Цермат каде покрај убавите снежни падини, типчето има и доста природно креирани елементи за неговата високо адреналинска забава. Глечери, пукнатини, мразови и останати зимски формации се само дел од неговото секојдневие... 

Кога ќе видиш дека во Швајцарија се користат радарски системи кои работат на сличен принцип како и полицајските радари за брзо возење, ама овде ги користат за детектирање на лавини, јасно ти е дека се далеко и ако одеш пеш, ама и во секоја друга смисла. 

Да ви го дотепаме петоков на репертоар имаме видео од еден пар кои три дена си се возикал на друмски велосипеди низ централна Швајцарија и си направиле едно видео. По нашки видеово би се викало „Мераци“.

Сезона си е за шатор, нема што. Така проценија и организаторите на гимнастичкиот трунир Eidgenössisches Turnfest што се одржа во Беил Швајцарија викендов, за да ги сместат илјадниците гимнастичари. 

Ако некогаш сте гледале фотографии или видеа од искачување на иконата меѓу планините - Матерхорн и сте се запрашале како се симнуваат надоле... Еве типчево има ептен директен пристап :). Бонус - погледете го видеото на нашите Саша и Ана на Матерхорн, како и записот на Александар Кирковски за неговото.

Во близина на Цирих, Швајцарија во малото градче Фрауенфелд се одржа 81-от војнички маратон (militarwettmarsch) со повеќе од 200 учесници. Наш преставник од АРМ беше Жан Тосев кој ја заврши трката со време 3:32:31 и се закити со прво место во конкуренција на учесниците од странски армии.

Еве како е! Само еден клик ве дели од неколку минутно скијање на ски резортот Laax во Швајцарија. Не ви се потребни скии, ниту опрема и знаење. Само избројте до три и нека почнат да ви течат лиги.

FB Препораки