таг / шар планина

Прогласување на Шар Планина за национален парк е приоритет според Стратегијата за заштита на биодиверзитетот уште од 2004 година. 

Видео од скијачкиот центар Брезовица на Шар Планина многу добро ја покажува силата на снегот во неговата најсурова агрегатна состојба - течна. Лее...

Во периодот од 24-27.05.2018 година на Попова Шапка се одржа меѓународниот натпревар во параглајдинг, дисциплина крос кантри, Љуботен Опен 2018, кој беше организиран од страна на параглајдинг клубот Љуботен.

Регулирањето на Шара како Национален парк би го формализирало нејзиниот статус како заедничко добро. Тоа ќе иницира процес на освестување и разбирање на природниот ресурс, неговата важност, како и важноста на одржливото и хуманото управување со него.

На Шар Планина и е потребна пријателска помош бидејќи веќе 20 години се води битка за прогласување на планината за Национален парк а се уште не е прогласена. 83% од локалното население сакаат Шара да постане национален парк...

Веќе го поминавме седлото под Среден Камен и сме високо на северниот гребен пред Титов Врв, на некои 100 висински метри под врвот. Часовникот покажува скоро 16 часа континуирано движење, а ние едвај успеваме да поставиме нога пред нога и да закрпиме здив со здив. Рејс пејс (темпо за на трка), на шега вели Жико, ова ќе ни биде рејс пејс на УТМБ. Ние сме под убав облак, а врвот е осветлен од пријатно сонце во заоѓање. Глетката на исток према местото откаде дојдовме е неверојатна и истовремено застрашувачка. А појдовме од Старо Село под Љуботен, одлична точка за фантастичен долг тренинг во природа. 

Дечки од Австрија случајно на интернет дознаваат дека во Македонија имало планини со убав снег за фрирајд и откако наоѓаат подетални информации за нивната нова авантура се впуштаат во одлично време и многу свеж снег на Шапка по што оставаат прекрасно видео како спомен...

Видео на Peak Trip и Marubi. 

Пред некое време го објавивме апелот на Надир за помош и поддршка при обновување на оштетената кула на Титов врв. Сега имаме видео од акцијата на 13.09.2017 година кога успешно се донесоа материјалите за осветлување на објектот...

Овој викенд од 20 до 22 јануари, група од 11 планинари и двајца турно скијачи во организација на ПСД Макпетрол ги искористи одличните временски услови и постави зимски камп на самиот срт на Шар Планина каде минаа две ноќевања. 

FB Препораки