таг / шапка

АК - осмица се кул алпинистичка дружина која низ нашава држава и надвор од неа имаат супер активности на полето на алпинизмот, планинарењето, скијањето и уживањето во природа. Овој викенд, дел од нивните членови по некоја случајност направија еден убав хуман потег спасувајќи кученце заглавено на Орлови Карпи на Шапка. 

Видеото кое е снимено овој викенд на Шапка, а постирано е на јутуб каналот на Алпинизам.орг е вистински потсетник на тоа колку треба да сме внимателни особено во период на новите врнежи на снег во планинските предели. 

"POV" видео од Коста Ивановски на северната страна на Шапка (позади Церипашина). Одличен ден, зимата доаѓа.. :)

FB Препораки