таг / рециклирање

Трендот започнат на Олимписките игри во Рио продолжува и на игрите во 2020 година. Одличјата за најдобрите во Токио ќе бидат изработени од 100% рециклиран електронски отпад.

Летните олимписки игри во Токио ќе бидат првите во историјата на кои еден национален тим ќе настапи во облека која e комплетно добиена од рецклирање на стара и употребувана спортска опрема.

Во еден од коментарите на оваа статија, линкувана дојде оваа одлична видео презентација на „Курцгезагт” каде накратко се објаснува како пластиката, од еден од најдобрите пронајдоци во минатиот век има можност (и цели кон тоа), да стане главниот загадувач на целата планета. 

Ако ви остане гравче од предходниот ден, но не ви се јаде во иста форма пробајте го овој ектра вкусен комбо...

Тарабите од Маврово и по некое столче или клупа како идеја за рецикирање на старите скии се првите помисли што најчесто ни доаѓаат, но дечкиве тргнувајќи со многу повеќе стручен пристап решаваат да направат еден тип на павилјон т.е. основа за тенда или натстрешница од стари скии. 

Си биле една пивара, една лабораторија, еден иноватор, група артисти и бааги загадување на воздухот. Се здружиле и хоп, излегло првото мастило за пишување од ПМ честички на ѕидовите низ Хонконг. Епа на здравје чист воздух и графити бистри луѓе, па да дојдете и кај нас, имаме ние ПМ честички за извоз...

Бидејќи проекциите велат дека ако човекот продолжи со ова темпо на производство на пластика до 2050 година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риба, како еден од важните чекори кон заштита на животната средина европскиот парламент ја изгласа забраната за производство на пластика за еднократна употреба. 

Во последните скоро три декади (од 1992 па наваму), Кина беше убедливо најголем увозник и преработувач на пластични маси во светски рамки со дури 45% од увозот на пластика за рециклирање. Но, од 31 декември 2017 година Кина воведе промена во овие политики и државата решава целосно да го забрани увозот на оваа суровина. Прашањето е што ќе се случи со проценетите 111 милиони тони пластика кои до 2030 година ќе се насоберат во светски рамки ? 

Водени од фактот што индустријата за флаширање на питка вода во денешниов период во најголем дел се заснова на пластична амбалажа која и тоа како лошо влијае врз околината, група на инжињери, дизајнери и научници од Скипинг Рокс Лаб се во обид да ја истуркаат нивната целосно невидлива и еколошки настроена амбалажа под името Оохо!

Веќе некое време спортскиот гигант Адидас соработува со организацијата Преговори за океанот”, посветена на намалување на отпадот во водите, а плодот од нивната соработка е тоа што пластиката од океаните сега може удобно да ги краси вашите стапала...

Бидејќи два-три пати неделно ѓубреџиите ќе ни го тргнат од пред очи, генерално не добиваме вистинска слика за тоа колку ѓубре произведуваме како единки или како домаќинство. Оваа серија на фотографии се визуелен приказ на 4 години насобрани отпадоци...

FB Препораки